Како најдобро да се претставите на интернет

На страна LinkedIn и она што мислите дека Фејсбук може да послужи како место за вашето резиме, најдовме неколку профи (а бесплатни) сервиси кои ќе ви помогнат одлично да се презентирате пред светот.


About.me

Веројатно наједноставниот и најчистиот профил што воопшто ќе го направите. Идејата е сите најважни информации за вас, да бидат на едно место и на еден линк (кој ќе го има вашето име). Добивате место за една голема фотографија, додавате ваша биографија и копчиња од вашите социјални мрежи Твитер, Фејсбук, ЈуТјуб, ЛинкдИн или сајтови со вашето портфолио. Потоа, може да следите колку луѓе го посетиле вашиот профил, од каде доаѓаат и на што кликаат. (линк)

 


Vizify

Сервисот ги собира информациите од вашите профили на најразличните социјални мрежи (што вие ќе му ги додадете), вклучувајќи статуси, фотографии и информации за вашата кариера. Потоа од овие информации прави почетна страна за вашиот профил, на која клучните моменти се претставени во кругови (клик на нив за повеќе информации). Сервисот дозволува самиот да додадеш информации за себе (образование / вработување...) кои тој не успеал да ги собере од твоите профили. Можеш да бираш која боја ќе ти биде сајтот, да ставиш сопствена позадина или да одбереш од достапните фотографии. (линк)


Rebelmouse

"Најсоцијалниот" од овие сервиси, создава насловна страна налик на Пинтерест, составена од вашите статуси во социјалните медиуми, ваши лични постови на овој профил и вашата биографија. (линк)

4 декември 2012 - 17:31