Во денешниот забрзан ритам на живеење, многумина имаат проблем барем за момент да се тргнат од своите монитори и да најдат време за нешто поинакво, како прошетка, читање книга или највеличенствениот луксуз на денешницата- дремката.
Дури и кога ќе успеат во тоа, имаат чувство дека во меѓувреме нешто пропуштиле па ги мава подсвесна грижа на совест.
За среќа, се трупаат докази дека не-правењето ништо е всушност драгоцена состојка за еден исполнет живот. Тоа го потврдуваат и животите на продуктивните умови како што се Маркез, Дикенс или Дарвин кои оставиле зад себе монументални дела иако - или баш затоа што - знаеле да дигнат раце од работа.
„Губењето време е полнење на батериите и отплеткување на замрсените мисли“. Човек кој може да си дозволи да биде комплетно, величествено и гордо непродуктивен, тој ќе стори повеќе во својата работа отколку оној што е прегреан. А денгубењето и само по себе е ќеиф“, вели психологот Мајкл Гартриџ.
****
Види и: