Од озлогласената Шпанска грозница која ја зафати Европа во 1918-та година загинаа повеќе луѓе отколку во целата, тогаш штотуку завршена Прва Светска Војна. Таа одзема 16 милиои животи додека од страшната епидемија на грипот умреле 50 милиони луѓе.
Еден век подоцна, група научници предводени од контроверзниот истражувач на грипови Јошихироко Каваока не виделе некоја друга покорисна работа, па решиле да пробаат генетски да го конструираат истиот грип. Успеале, со тоа што тврдат дека нивната варијанта е уште попатогена од оригиналот.
Подржувачите на трудот на Каваока и нему сличните велат дека ваквите истражувања помагаат подобро да се разбере природата на вирусите.
Но, и во самиот академски свет стравувањата се огромни.
"Она што тие го прават е апсолутно без памет. Целата работа е исклучително опасна," вели Лордот Роберт Меј, поранешен претседател на Кралската Асоцијација кој едно време беше и главен научен советник на британската влада.
"Да, постои опасност, но таа не доаѓа од вирусите кои ги имаат животните туку од оние во лабораториите на одвратно амбициозните луѓе," предупредува Меј.