Затоа, на 8-ми Слејт реши да ги објавува бројките за излезност, и проекциите што таа излезност значи во однос на гласови за едниот или другиот кандидат.
Уредничката Џулија Тарнер објаснува дека држењето во мрак на публиката не е оправдано ниту со стравот дека вадењето на бројките ќе ја намали излезноста на гласачите, бидејќи социолошките студии не го потврдуваат оваа тврдење, "што значи дека новинарите ги задржуваат информациите, чисто врз основа на лично чувство."
Слејт имаат слична бунтовничка серија на изборите во 2000 и 2004, кога ги објавуваат анкетите за излезност на гласачите. За разлика од пред една деценија, на изборите во вторник Слејт ќе обработуваат точни бројки во соработка со стартапот Воуткастр, чиј систем ќе ги споредува бројките од анкетите пред денот на гласање со бројките измерени од набљудувачите од секое гласачко место. Тие го избираат Воуткастр заради составот на неговите вработени кои се аналитичари ветерани од кампањите на Обама и Џорџ Буш, а главен стратег им е поранешен колумнист на Слејт, кој пишува книга за технологијата на модерните кампањи (тоа тука).
"Овозможувањето пристап до информациите е работа на новинарите. Како што сега стојат работите, новинарите на денот на изборите делуваат спротивно на своите инстинкти, заговарајќи да ја чуваат публиката во мрак, врз основа на неиздржани идеи околу корисноста од информациска празнина," порачува Тарнер, дополнувајќи ја својата позиција и со забелешката дека гласачите кои гласаат во октомври (по пошта) не го прават тоа во информациска празнина.
Она што Тарнер го ветува е дека ќе бидат "умерени и прецизни во своите информации", и нема да ја прогласат Хилари победничка во Флорида во 11 наутро, или да го прогласуваат победникот во која било држава. "Едноставно ќе го направиме овој чекор без преседан, и ќе ви го покажеме денот на изборите како што го гледаат инсајдерите."
Зошто се гласа во вторник: