Гневот започнува кога арапските и турските весници одлучуваат дека Ебдо сигурно го исмева малиот Ајлан. На ова се приклучуваат и не-арапските медиуми и одредени активисти. Претседателот на британското друштво на адвокати црнци, изјави "Шарли Ебдо е чисто расистичка, ксенофобична и идеолошки банкротирана публикација, која го претставува моралното гниење на Франција."
На едната карикатура го има малиот Ајлан легнат со лицето во песокот, а над него билборд на МекДоналдс кој нуди два детски оброци за цена на еден, и текст "Толку блиску да успее..." На втората, под насловот "Доказ дека Европа е христијанска" се гледаат само две нозе и маж налик Исус, кој вели "Христијаните одат по вода," а во вториот балон е "Муслиманските деца тонат."
"Враќајќи се на темата, овие карикатури не само што не го навредуваат Ајлан, туку тие го осудуваат анти-бегалското расположение низ Европа. Сликата со МекДоналдс е остра критика на нашиот бездушен европски консумеризам, во очи на една од најголемите хуманитарни кризи на нашето време. Конкретно, оваа слика се однесува на тоа дека додека се жалиме дека немаме доволно ресурси за справување со бранот на бегалци, ние истовремено им нудиме по два Мекдоналдс оброци на нашите деца. Цртежот за христијаните кои одат по вода додека муслиманите се дават е критика на она што магазинот го гледа како хипокритична европска христијанска 'љубов' и ставовите полни се предрасуди, како оној на унгарскиот премиер Виктор Орбан, дека Европа е 'христијанска' цивилизација...
... Ставањето една до друга слика од мртво дете и понуда за евтина храна, не го исмева малиот Ајлан, туку нас нè исмева. Нè исмева за она што секој ден не го гледаме, што ни е скриено пред наши очи, и не го гледаме затоа што толку многу сме станати затупени на човечко страдање. Не, тие опколени, храбри сатиричари од Ебдо не го исмеваат Ајлан. Тие ги исмеваат насловните страни како онаа на десничарскиот британски таблоид Дејли Меил во која сликата од Ајлан беше ставена под реклама за храна. И колкумина од нас го забележаа ова дента кога се испечати оваа насловна на Дејли Меил?" пишува Мааџид Наваз во Дејли Бист.