Признавајќи дека жените во машките списанија се претставени како предмети, уредникот на британскиот Ексваер, Алекс Билмс објаснува:
"Ние објавуваме фотографии од девојки на ист начин како што објавуваме фотографии од одлични автомобили. Ова е чисто декоративно. И женските списанија го прават истото."
Иако неговиот текст доби сериозни забелешки заради "неуверливото рационализирање" на работата, сепак останува дилемата - зошто Ескваер и Вог често изгледаат како му продаваат на ист пол, кога (барем во теорија) тие се за публика од различни полови?
Во текстот за Атлантик, објаснувањето се започнува со книгата на Шерон Маркус од 2007-ма, Between Women: Friendship, Desire, and Marriage in Victorian England. Тука главната поента е дека во викторијанска Англија пријателството меѓу жени се сметало за дел од нивниот хетеросексуален идентитет. Без разлика какви биле овие пријателства, во овој период еротскиот интерес на една жена за друга не значел дека таа е лезбејка,туку едноставно дека е жена. Како пример, Маркус ги цитира мемоарите на актерката Фани Кембл, во кој таа раскажува како откако видела посебно атрактивна жена, се фатила себе си како посакува "да е во согласност со нејзиното расположение и општата пристојност на модерните манири наметката на Изабела Форестер сосема да падне од нејзините прекрасни гради."
"Поентата не е тука дека Кембл била геј, туку дека во тоа време не се сметало за чудно или невообичаено за омажена жена да има ваква еротска фантазија за друга жена."
За Маркус ова (еротизираната хетеросексуална врска меѓу две жени) се должи на модните магазини од тоа време, кои како и денешните модни магазини се место на кое жените "се активно поттикнати да учествуваат во восхитувањето со телата на други жени."
На крај заклучокот е дека дека списанијата праќаат различна порака.
"Разликата е во тоа што машките списанија на своите читатели им кажуваат дека женските тела се предмет за нивно уживање. Додека женските списанија, им кажуваат на жените дека други женски тела се предмети кои треба да бидат искористени за нивно уживање. Во најголем број од случаите, во најголем дел од културата, на жените им се кажува дека нивниот поглед и нивните задоволства се секундарни. Во женските магазини тие се најважното нешто. Жените добиваат шанса да бидат во позиција на моќ, гледајќи и консумирајќи тела изложени исклучиво за нив. Во оваа смисла женските и машките магазини навистина се различни. Ексваер продава уште една фантазија за превласта на мажот. Женските магазини продаваат фантазија за превласта на жената."