Ваквото признание е одвратно заради она што таа го преживеала како мала, ама во исто време и затоа што комплетно одговара на приказните што луѓето си ги кажуваат самите на себе за жените кои живеат од нивната сексуалност - без разлика дали од проституција или во случајот на Андерсон како секс-симбол, пишува Трејси Кларк-Флори за Салун.
Како дополнителни примери кои ја поткрепуваат ова идеја околу секс-симболите авторката ги наведува животната приказна на Мерилин Монро која била злоупотребувана во семејството во кое била посвоена, и порно легендата Џена Џејмисон, која на 15 години била силувана од неколкумина.
Освен тоа, има и огромен број научни истражувања кои ја покажуваат поврзаноста, посебно кај оние што се занимаваат со проституција. Студија на проститутките во Сан Франциско покажала дека 60% од нив биле сексуално злоупотребени како деца. Друга студија покажува дека меѓу сексуалните работнички 37% биле сексуално злоупотребени како деца, споредено со само 15% од оние кои работат во угостителството или како фризери.
Забелешката на сите овие студии и самата идеја е дека тие секогаш се "фокусираат на трауматизираната популација, што не дава прецизна слика."
"Да не ја споменувам студијата од 2002-ра, која заклучи дека 'кај оние кои биле сексуално злоупотребувани не постои ништо поголем ризик да станат проститутки, отколку да станат студенти.' Истата студија забележува 'Другите истражувања покажуваат дека оние кои биле сексуално злоупотребувани може да станат многу негативни кон понатамошните сексуални искуства. Нашите резултати покажуваат дека сексуалната злоупотреба е многу поверојатна да се манифестира во обид за самоубиство и исклучување од училиште,'" објаснува Кларк-Флори.
Објаснувањето на антропологот и сексолог, Кетрин Френкс, е дека ваквиот мит (за задолжителната поврзаност на лошото детство и проституцијата) доаѓа од таму што најголемиот дел од луѓето не зборуваат за овие работи, бидејќи не можат да зборуваат за секс: "Како резултат, сексуален работник може да е далеку поотворен околу злоупотребата во своето минато, отколку да речеме келнерката во твоето локално кафуле."
"Мајкл Бејли, професор на Универзитетот Нортвестерн и психолог со специјализација на секс и полови, ми објасни дека доминантата приказна околу сексуалните работници и сексуалната злоупотреба зборува многу повеќе за нас отколку за која било жена посебно. 'Има неколку веројатни показатели кои ги поврзуваат искуствата кои ги обележуваме како сексуална злоупотреба и она што потоа се случува. Нашето сегашно искуство е опседнато со само едно објаснување: Сексуалната злоупотреба го предизвикува ова однесување. Меѓутоа додека другите основи не се научно исклучени, ние не можеме да знаеме,'" пишува Кларк-Флори.