Мајката, Сара Фејдер, објаснува дека ние сме извадени од памет од детето затоа што го судиме според стандарди за возрасни (како би изгледало кога пријателката би ти ја фрлила на земја шолјата кафе затоа што немаш млеко да и дадеш). Во нејзината книга главен лик е 3-годишното девојче Саманта, која е инспирирана од нејзината ќерка.
"3 е возраст кога децата сфаќаат дека тие се одделни од нивните родители и активно бараат независност преку истражување на светот околу нив. Да бидеме на чисто: ова е природно во развојот на децата. За жал, за да се постигне ваквата одвоеност од мама и тато, голем број 3-годишни деца имаат потреба да чувствуваат дека ја контролираат својата околина.
3-годишниците исто така се и авантуристи. Заедно со имагинативниот дух доаѓа и многу емоционално суштество. На оваа возраст децата имаат малку контрола врз начинот на кој ги регулираат своите емоции. Секако, фактот дека 3-годишното дете се однесува на генерално прифатлив начин за тој стадиум од развојот е мала утеха кога истото дете те гаѓа со маркери во лице.
Книгата ја напишав од две причини. Прво, сакав да го хуманизирам родителството. Не постои такво нешто како совршен родител и нема такво нешто како идеално дете. Родителите се деца и правиме грешки - и тоа многу - и важно е да можеме да си простиме на себе си за овие пропусти.
Втората цел е родителите да се насмеат. Премногу често, ние се губиме во секојдневните активности како родители. Забораваме дека шокантните работи што ги прават нашите деца се прилично смешни. Смеењето е клучно за родителството, бидејќи искрено, ако не се смееш, многу е поверојатно дека деновите ќе ги минеш плачејќи под туш. И тоа ако децата ти даваат шанса да се тушираш," пишува Фејдер.