Здравје

Сон за плодност

Вековниот страв на Македонец од несоница опеан во многу народни песни (види последна строфа), едно истражување на дански научници го потврди како животворен и пред се, многудетен.

Опозиционо пореметување

После 13 години, американските психијатри издаваат нов "Прирачник за дијагностицирање и статистика на менталните пореметувања," во кој и непослушноста кон власта се смета за психички проблем.

 

Ако не можеш да го решиш, прати му го на друг

49 сојузни држави се уште немаат најдено решение за тешката, долга и скапа процедура за лечење на менталните болести. Невада пак одлучи овие луѓе да ги качи во автобус.

Игрите за мозок не фаќаат

Излезе дека сите оние игри "за подобрување на памтењето" всушност само ја подобруваат способноста на луѓето да играат игри за подобрување на памтењето.

Масовно вадење цицки

После она со Самоил, ваква масовка се нема видено: врвни медицински авторитети од Велика Британија побараа од Владата (?) да нареди отстранување на градните импланти кај 50.000 жени. Не, не важи правилото на секоја стота...

И автомобилите со налепници дека се штетни по здравјето?

Загадувањето од сообраќај денес создава подеднакво голем број на астматичари меѓу децата како и пасивното пушење, покажува истражување во 10 европски градови.

Шеќерот, а не мастите, е виновен за дебелината

Создава зависност и штетен е како дрога, и треба по итно да се забрани во сите форми ако човештвото планира да стави крај на епидемијата на дебелеење.

Уште 14 луѓе "излечени" од ХИВ

Две недели по откритието дека едно бебе е излечено од ХИВ, стигаат извештаи за првите успешни третмани и кај возрасни. Клучно кај сите случаи е (лекот и) раното почнување на третманот.

Бледеат надежите за предвремено пензионирање

За 5 години ќе добиеме лек кој ќе ни помогне да живееме 150 години. Ама ќе бидеме и соодветно грди на возраста.

Р'ѓаме, и тоа е

Антиоксидансите, тој Свет грал на 21 вековната манија за неограничено одложување на смртта, не само што не вршат работа туку знаат да бидат и штетни по здравјето. Изворот не се некои опскурни надрилекари туку стручниот магазин American Scientist.

Калориите се спонзоруши

Затоа што диетите, апчињата и програмите за вежбање не се ефективни за контролирање на дебелината, научниците се решија едноставно да почнат да им плаќаат пари на луѓето за да престанат да јадат. И без разлика како ви звучи, ова функционира.

Човек на човека му е етикета

Хомосексуалците некогаш беа етикетирани како ментално пореметени. Денес на ист начин се третирани оние кои не можат да ги поднесат.

Фудбалот им го "корне" срцето на навивачите

Пребројувањето кај германските навивачи неспорно покажува дека навивачите страдаат за време на напнатите фудбалски натпревари.

Лошото спиење драматично го менува организмот

Серија на ноќи (доволни се само 7) во кои лошо спиете може да има длабоки последици на внатрешното функционирање на човековото тело.

Америка помалку јаде, ама џабе и е

Или Американците нешто прават погрешно или некој ги лаже, бидејќи според новите статистики тие како нација јадат помалку калории, меѓутоа и понатаму имаат подеднакво иста стапка на дебелина.

Статистика по повод заљубените

Центарот за контрола на болестите им го честиташе Денот на заљубените на сите Американци, објавувајќи ги најновите резултати според кои САД е дом на 110 милиони случаи на сексуално преносливи болести.

Месо, на 8 часа по еднаш

Зависноста од антибиотици на месната индустрија во САД достигна ниво на кое четири-петини од сите антибиотици употребени во САД се консумирани добитокот.

Маргаринот е поштетен од путерот

Во она што Форбс го нарекува "неочекуван развој на настаните" излезе дека вештачкиот производ всушност е поштетен за вашето срце отколку природниот.

Од групата си патиме

Кај крвната група АБ постојат може да се појават две генетски мутации кои прават луѓето со оваа крвна група да бидат сериозно посклони за згрутчување на крвта.

Два пати пери, еднаш дроби

На крај и свежите салати од зеленчук завршија на листата на јадења што се штетни за луѓето. Не по основа на калоричност, туку по основа на тоа што ги разболува луѓето.

Вирус кој гаѓа оддалеку

Американците веќе се престрашија од сезонскиот грип но сега имаат друга беља. Се вика норовирус. Не е толку смртоносен но затоа е спектакуларно одвратен.

Индексот на погрешна маса

Индексот на телесна тежина (БМИ) сега има и математичка основа по која не го бидува, според која високите луѓе цело ова време погрешно биле прогласувани за дебели.

Зошто грипот е сезонски?

Директорот на американското национално биро за алергии и заразни болести предупреди дека ова може да биде најлоша сезона на грип во изминатава деценија.

Она што не те убива, те прави поболен

Да, точно е дека денес луѓето живеат повеќе отколку пред 20 години. Само што во тие бонус години не уживаат во своето здравје.