Таман сме и со едно вежбање неделно

Научниците повторно се обидуваат да ве натераат да го исполните вечното ветување дека ќе одите на вежбање, овој пат се што бараат од вас е да имате некаква активност барем еднаш неделно.

Иако не ви се мешаат во изборот, дали ќе пешачите, ќе возите велосипед или ќе трчате, клучно е активноста да трае два и пол часа.

Тврдењето е на истражувачите од Квинс Универзитетот во Торонто според кои исто му доаѓа дали ќе вежбате 5 дена по половина час или сето ова ќе го соберете во еден ден, се додека исполните 150 минути активност неделно.

Др. Иан Јансен трга од правилата дека на возрасните им е потребна умерена до енергична физичка активност најголемиот дел од деновите во неделата, која севкупно не би траела повеќе од 150 минути.

Во истражувањето тој ангажира 2.324 мажи и жени на возраст од 18 до 64 години, кои требало околу појасот да носат детектор кој го регистрира секое движење. Оние кои собрале барем 150 минути неделно биле поделени во две групи: што вежбаат 5 до 7 пати неделно и што вежбаат 1 до 4 пати неделно.

На крај кај лицата кои биле "нередовно активни" (втората група) немало ништо поголема опасност од развивање на болести (дијабетес, срцеви заболувања...) отколку кај "редовните."

"На пример некој кој немал никаква физичка активност од понеделник до петок, ама бил активен над 150 минути во текот на викендот, ги имал истите здравствени бенефити како и некој што акумилирал 150 минути во текот на целата недела. Важната порака е дека возрасните треба да имаат барем 150 неделна физичка активност."

22 јуни 2013 - 16:25