Луѓето кои страдаат од тип 1 дијабетес, мораат да вшприцуваат инсулин за да го регулираат нивото на гликоза во крвта. Ова е привремено решение, кое меѓу другото може да има долгорочни последици за срцето, бубрезите, нервите и видот.
Се проценува дека моментално само во САД има 215.000 лица на возраст под 20 години кои имаат тип 1 или тип 2 дијабетес.
"Инекциите со инсулин го регулираат високиот шеќер во крвта со тоа што ги намалуваат нивоата на гликоза, ама ова не е лек," изјавил др. Паоло Фиорина од Одделот за нефрологија во Детската болница во Бостон.
Фиорина ја анализирал болеста следејќи го нејзиното развивање од самиот почеток. Неговото откритие е дека се почнува со ATP/P2X7R генот.
"Тие со текот на времето го изолираа ATP/P2X7R, кој ги активира нападите на Т-клетките на панкреасот, со што го онеспособува да создава инсулин," беше објавено на официјалниот блог на болницата.
"Идентификувајќи го ATP/P2X7R како првиот механизам во организмот од кој потоа се развива цела реакција, ние ја откривме изворната причина на дијабетесот," објаснува доктор Фиорина.