Проблемот со решавањето на нерационалниот страв (затоа што рационален страв, на пример од мечка е корисен) е што до сега главен метод е директно соочување со истиот. Метод кој од очигледни причини и не е најпријатен.
Шеќерот е полош од хероин, чоколадото е полошо од сè што може да замислите, во водата има отров за глувци и практично многу сме глупи што дишеме, вели кралот на на тенџерињата Филип Цептeр во налет на ширење страв од сè што e околу нас.
Тоа што некој на прва ви изгледа како дебел или слаб никако не содејствува со тоа какво е неговото здравје, бидејќи врската меѓу телесната тежина и мастите е многу покомпликувана отколку што може да се види од БМИ.
Продолжувајќи ја најглупата кавга меѓу половите (војска версус раѓање), медицински експерт близок на Фокс предложи жените да плаќаат повеќе за здравствено осигурување бидејќи имаат цицки и разни други дрангулии.
Една од влијателните европски групи за промоција на ова правило не само што е спонзорирана, туку е и создадена од мегакомпанијата Danone, производител на неколку флаширани марки вода меѓу кои и Евиан.
Модерната опседнатост на денешните мажи со своите мускули има и официјален термин: бигорексија. Речиси половина од мажјаците нездраво се обидуваат да изгледаат здраво.
Науката сè уште нема решение за фрапантниот проблем на македонската мајка (дијагноза: Како детето мое нигде нема друго) но, нашла за друг: бебешкото плачење и што тоа значи.
Конезервативците од Тексас најдоа лукав начин како да го отежнат абортусот, воведувајќи ригорозни стандарди кои треба да ги задоволуваат клиниките во кои се изведуваат зафатите.
Научниците повторно се обидуваат да ве натераат да го исполните вечното ветување дека ќе одите на вежбање, овој пат се што бараат од вас е да имате некаква активност барем еднаш неделно.
Анализирајќи ја комплетната реакција која го спречува панкреасот да произведе инсулин, докторите од Детската болница од Бостон успеаа да го откријат изворот на дијабетес, а тврдат дека им фали уште малку истражување за да најдат и лек за него.
Склоноста на мажите кон помлади жени, ги оставило повозрасните жени со помал избор на партнери и шанси за репродукција, заради што со текот на еволуцијата кај нив се појавува менопаузата.
Наспроти уверувањето дека модерниот живот ги подига стандардите за хигиена, последните истражувања покажуваат дека само 5 проценти од Американците рацете ги мијат прописно.
По дефиниција витамините се неопходни за претворање на храната во енергија. Кога луѓето не добиваат доволно витамини, тие страдаат од болести како рахитис. Проблемот не е дали на луѓето им требаат витамини. Да, им требаат. Проблемот е колку им требаат и дали добиваат доволно преку храната.
Од следната година, администрацијата на Обама започнува со проект со кој парично ќе се охрабруваат вработените да бидат здрави. Оф корс, колку сме поздрави, тоа подобро и подолго ќе тегнеме. И со магарињата е исто.
JWT, заедно Ворнер Брос и А.Ц. Камарго центарот за рак во Сао Паоло, изработија супер моќна кампања која треба да направи децата болни од рак помалку да се исплашени од хемотерапија.
Како што обично бива со ултра здравите работи, по неколку години трубење за нив некој седнува детално да ги испита и во нив наоѓа нешто ултра нездраво. Овој пат на ред е зелениот чај.