Аргументот е дека после тренинг на спортистот му е потребно да се хидрира, да го врати гликогенот (шеќерот) на почетните нивоа и да внесе доволно протеин за да се обнови мускулот.
Тука доаѓа чоколадното млеко кое е составено од течност, едноставни шеќери (26 грама во пакување), протеин (околу 8 грама), плус витамини Д, калциум и Б12.
Излезе дека тврдењата на млечната индустрија се поддржани од неколку студии.
Во првото, Универзитетот од Индијана покажал дека субјектите кои пиеле чоколадно млеко (субјектите се машки велосипедисти) имале подбори резултати од ние кои пиеле газирани спортски пијалаци.
Во второто истражување (исто со велосипедисти) Универзитетот од Тексас, споредил како тие реагирале на чоколадно млеко во споредба со пијалаците кои содржеле само јагленхидрати. Оние кои пиеле чоколадно млеко имале "повеќе мускул и помалку маснотии, имале подобро време на тренинзите и севкупно биле во подобра форма отколку испитаниците кои пиеле спортски пијалаци што содржат само јагленхидрати."
Од друга страна истражување на Американскиот колеџ за спортска медицина (овој пат со фудбалери), на учесниците им било дадено две недели да пијат чоколадно млеко или газирани спортски пијалаци. Потоа направиле пауза од две недели и го повториле кругот. Сите спортисти имале подобри резултати без разлика што користеле. Сепак со тек на време оние што пиеле чоколадно млеко имале помала веројатност за оштетување на мускулите, во споредба со другата група.
И покрај овие резултатите главната забелешка на чоколадното млеко не е во неговата делотворност, туку во тоа што тоа не ги обезбедува нивоата потребни за закрепнување на спортистите.
"Оние кои имаат рекреативни или умерени тренинзи за издржливост и сила имаат потреба од 0,36 до 0,54 грама на 450 грама телесна маса. Додека на колеџ спортистите им се потребни од 3 до 5 грама јагленхидрати на 450 грама телесна маса, за комплетно да го вратат гликогенот. Иако чоколадното млеко може да помогне, тоа содржи само 8 грама протеин и 36 грама јаглен хидрати во пакување од 200 милилитри," објаснува за Актив регистрираниот нутриционист, Џеки Маурер Абот.