БМИ-то не е најдобра мерка за здравје

Тоа што некој на прва ви изгледа како дебел или слаб никако не содејствува со тоа какво е неговото здравје, бидејќи врската меѓу телесната тежина и мастите е многу покомпликувана отколку што може да се види од БМИ.

 

Иако БМИ-то ги сврзува во дебели, одредени луѓе и покрај својата тежина се метаболички здрави. Тие имаат масни наслаги, меѓутоа на правите места, па им служат за собирање на отровите или како извор на енергија. Во исто време луѓето со нормален БМИ може да страдаат од лоша исхрана или метаболички проблеми, заради што кај нив постои поголема шанса за смртност отколку кај претходната група.

"Без разлика што на големо го користат, БМИ-то не ја мери правилно количината на масти, не обрнува внимание на соодносот меѓу мускулот и мастите, ниту пак ги зема во предвид расните или половите разлики, како и дистрибуцијата на мастите под кожата или во утробата," се објаснува во анализата на Сајанс магазинот.

Луѓето со нормален БМИ, кои заради генетски или стекнати проблеми не можат да складираат масти, сепак може да имаат проблем со инсулинот, дијабетис или црниот дроб. Моментално во САД околу 24% од возрасните со нормален БМИ имаат нездрав метаболизам.

Наспроти БМИ е новиот индекс на телесна форма АБСИ во чија равенка освен висината и тежината се обем на струк, возраст и пол.

30 август 2013 - 19:19