За да не ве разочараме, во оваа статија нема да ја најдете "вистинската" дневна доза вода која треба човек да ја испие. Бидејќи не ја знаеме. Овде само се буричка по општоприфатениот мит за 8 чаши вода дневно и неговото потекло.
Можете да наидете на илјадници текстови и студии кои се повикуваат на ова правило. Кое, да беше вистина, тешко ќе објаснеше како воопшто со векови преживуваат номадите од Сахара на кои 8 чаши веројатно им е неделна доза.
"Не постојат никакви докази за тоа како оваа количина вода би придонесувала за нашето здравје и во суштина претставува урбан мит," вели специјалистот за бубрези доктор Стенли Голдфарб.
Првото пишано упатство за минималната дневна количина вода потекнува од 1945-та година од Американскиот борд за храна. Таму се сугерира 2,5 литри дневно иако не е наведена ниту една студија на која се темели ваквата препорака.
Некои сметаат дека препораката потекнува од влијателниот нутриционист од 20-то век Фредерик Стер кој препорачувал 6 чаши вода дневно.
Но и 'претераната' доза не е проблем ако се земе севкупниот дневен внес. Австралиско истражување од 1995-та година покажало дека со просечен начин на исхрана, жените дневно внесуваат 2,8 литри а мажите 3,4 литри вода. Само треба да се има предвид дека дури и печениот компир содржи над 70 проценти вода.
Некои старомодни и денес непопуларни авторитети потсетуваат дека за ова прашање човек треба да го слуша сопственото тело. Според нив, вода треба да се пие кога човек - ќе ожедни.
http://healthyfitfood.com/2016/03/14/this-is-what-nutritionists-eat-bef…