Здравје

Излекувањето пациенти не е одржлив бизнис модел

Во анализа за биотехнолошки клиенти, озлогласените Голдман Сакс, со менгелеовска ладнокрвност заклучуваат дека ефикасните еднократни лекови долгорочно се лоши за профитот. Логиката им е најздрава во свет: ако го излечиш со првата доза, нема да ти купи втора.

Хартија, хартија и само хартија

Ново истражување испитува микроби за да утврди дали сушачите за раце додека се активни ги вшмукуваат потенцијално заразните микроби од тоалетот и потоа ги шират насекаде и врз сè. Излезе дека - да.

Сиромавиот два пати пати

Порано сиромашните умираа заради недостаток од антибиотици. Сега глобалниот аларм е запален поради претераната употреба на антибиотици, а кај сиромашните, порастот е најголем.

Флаширана микропластика

Тестирање на 250 шишиња вода од најголемите светски брендови купени во 9 различни држави низ светот, покажале дека речиси секое од нив содржело микропластика.

Каде се кршат диетите

Не е затоа што си прасе дебело без карактер и самоконтрола. Ок, барем не е само заради тоа.

Си го уништила џигерот фарбајќи си ја косата

Средовечна жена последниве 10 години редовно си ја фарбала косата еднаш месечно, сакајќи да ги покрие знаците на стареење односно белите влакна. Ене ја, со цироза.

Рецесијата од 2008 нè разболе

Несигурноста и негативните очекувања создадени од рецесијата (а не од невработеноста) се причина за глобален раст на прекумерната тежина, дијабетесот и проблемите со ментално здравје.

Дијабетесот се пет посебни болести

Неконтролираното ниво на шеќер во крвта обично се дели на тип 1 и тип 2. Ново заедничко истражување од Шведска и Финска откри дека станува збор за 5 одделни болести, и секоја од нив бара посебна терапија.

Не само да бутате суплементи и витамини од шишиња

Со над 90.000 различни видови витамински и прехранбени суплементи, и 52% од Американците како потенцијални купувачи, суплементите се 30 милијарди долари вредна индустрија во САД, и се додека не кажеш дека нешто е лек можеш речиси што сакаш да продаваш и рекламираш.

Сипаници во Европа, трагедија што не може да биде прифатена

Европа минатата година има 21.000 случаи на сипаници, што е речиси четири пати повеќе отколку во 2016, објавува Светската здравствена организација.

Прозорци за вас прекрасни вработени

До сега се знаеше дека обемните количини на дневна светлина се корисни за продуктивноста на работа, сега се знае дека недостатокот на светлина на работно место може да оглупавува.

Медитацијата не те прави подобар човек

Ако себе се замислувате како креденец кого медитацијата треба да го искачи на втор спрат: таа може евентуално да ви помогне околу закачалките, за самиот креденец ќе треба малку поаргатска работа.

И ти не сакаш да купиш флаширана вода, ама живот мил

Рекламите за флаширана вода прават таа да изгледа побезбедно и почисто од обична вода од чешма, а тоа е повеќе од доволно за да се скорнат сите наши стравови од умирачка.

Живот на најјако

На 51-годишен маж му се паѓа 1 милион долари на лото, па меѓу другите работи што сега може да си ги дозволи е и посета на доктор. На доктор му откриваат рак. 4-та фаза.

Од пакуваните салати (ќе) си патиме?

Иако бактеријата листерија ја има во речиси секоја храна што ја консумираме најчесто таа не е во доволно голема доза за да ни наштети. Сето ова значително се менува кога во равенката ќе ги додадеш фабриките за чистење и пакување на сите оние салати и зеленила во кеса спремни за јадење. И тоа на полошо.

Познавате ли на која слика дечково е болен?

На луѓето им се доволни неколку секунди да погледнат некого во лице за да откријат дали тој човек е здрав или нешто неарен. За да дојдат до овој заклучок, на група истражувачи сè што им било потребно било да заразат десетици волонтери со ешерихија коли. 

Американците изгореа за „сирова вода“

Самиот термин „сирова вода“ звучи како да е скован во сатирични потреби за исмевање на денешната пасија за сè што звучи природно и негибнато од технологија. Но, сатирата каска зад лудилото на оние кои, опседнати со здравјето, се подготвени сешто да проголтаат. 

Слаби луѓе не разбираат како е да си на диета

Прво важно е да се знае дека диети, како слабеење преку намалување на калории што ги внесуваш, не функционираат. Ова им е јасно и на луѓе што држат диети и на науката која е преплавена со докази дека диети не доведуваат до долгорочно слабеење или подобро здравје. Единствени луѓе што не го разбираат ова се оние што никогаш немале потреба од држење диети.

Од играње видео игри до нарушено ментално здравје

Светската здравствена организација го дефинира нарушувањето како „постојан или повторлив“ модел на однесување со „доволна сериозност за да резултира со значително оштетување на личните, семејните, социјалните, образовните, професионалните или другите важни области на функционирање“

5-те лекции за здравјето и вежбањето што треба да се научат од годинава

Главната порака на луѓето од Аутсајд е дека науката е бавен процес, заради што е исклучително важно да не се фокусираш и да не се палиш на инстантните и магични решенија.

Налет ваков живот

Од сите работи што можеа да ни ги расипат, научниците се фатија да кодошат една од најомилените активности по дома - попладневната дремка.

Човекот што се мачеше за вие да не морате

Нашиов јунак тргнува да докаже дека во рок од 80 дена можеш од гајда на зачеток да направиш филмски стомачни мускули. Докажува дека не можеш, а целиот подвиг успева „да му го уништи животот.“

Во црно вино бактерија нема

Ок, не е црно туку црвено, ама таква е песната. Околу него сè уште има некои мистерии. На пример, се претпоставува дека неговата убоитост кон бактериите се должи на Пх вредноста и концентрацијата на алкохол. Но истражувања покажуваат дека тоа е многу поефикасно од други раствори со иста киселост и алкохол.

Гласната музика создава зависност како и пушењето

Има појави за кои општествената заедница везден труби и алармира, а има и такви за кои сите се прават глуви.