Пиењето повеќе од два газирани пијалаци на ден со вештачки засладувач се поврзува со зголемен ризик од срцев напад, срцеви заболувања и предвремена смрт кај жени постари од 50 години, открива нова студија на Американската асоцијација за срце.
Ризикот од ова е највисок на жените кои немаат историја на срцеви заболувања или дијабетес, жените со прекумерна тежина и Афро-американките.
Во студијата, по израмнување на сите животни и околински фактори, пак се доаѓа до лоша статистика според која жените кои дневно пиеле два или повеќе газирани пијалаци со вештачки засладувач имале 31% поголеми шанси да добијат срцев удар, 29% поголеми шанси за срцеви заболувања, 16% поголеми шанси да умрат од која било причина отколку жените кои пиеле помалку од еден ваков пијалак неделно.
Ова е уште една студија која ги поврзува пијалаците со вештачки засладувач и срцевите проблеми. Она што ги мачи докторите е што ја гледаат поврзаноста меѓу двете точки (пијалаци со вештачки засладувач и срцеви заболувања) ама не и причината зошто е тоа така. Според истражувачите (за сега) невозможно е да се утврди дали врската се должи на конкретен вештачки засладувач, типот на пијачката или друг скриен здравствен проблем.