Занимливости

Што дојденците најмногу ги шокира во Канада?

Овде веќе никому не може да му се замери ако му доаѓа да ја здува од Македонија и да не се врти назад. Ако таквата желба ви нема интерпланетарни размери (за што ве информиравме во статијата "Ако ви се бега од оваа планета а се надевате на друштво"), тогаш Канада е едно од логичните решенија. Ако е така, тогаш запознајте ја Канада преку искуствата на оние кои тоа го сториле пред вас и од разни страни на светот дошле да живеат баш таму. 

Ако ви се бега од оваа планета а се надевате на друштво

Научници од универзитетот во Порто Рико изготвија каталог на планети надвор нашиот сончев систем кои се потенцијално вселиви и погодни за живот. На нивното мени моментално има 32 планети.

Душек што ги чува семејните вредности

Откако ги впрегна сите сили за да го олесни неверството, сега технологијата врти накај конзервативно - измислува душек што детектира дали некој правел безобразно во вашата сопствена постела додека не сте биле дома.

Не се разбираме па тоа ти е

Користењето емотикони, за кои со симпатии пишувавме претходно (види овде), требаше да нè спаси од вербалните недоразбирања и двосмислености. Тоа требаше да биде јазик кој ги надминува културните разлики и овозможува универзална разбирачка. Ама...

#1 начин да живеете подолго и посреќно

Не малку туку бааги подолго. Поточно да додадете околу 15 екстра години на својата животна сметка. Тајната не е поврзана ни со гените, ни со исхраната ни со вежбањето а е нешто кое нема да го најдете онлајн.

Ректум на денот

Дека шверцерите на дрога знаат да ги користат сите можни телесни шуплини за криење на наркотици е јасно. Дека меѓу тие интимни простори често е и аналниот отвор, и тоа се знае одамна. Ама кога во еден таков (единечен) отвор ќе се најдат преку 1.400 дози хероин, тогаш тоа може да се вика упад во магацински простор.

Нoвата 'машка шовинистичка свиња' е геј

Во пристојните земји минато се омаловажувања и дискриминација на геј мажите заради нивните сексуални преференци.Токму во такви земји сега во ЛГБТ заедницата се шири мизогинија, расизам и трансфобија.

Зошто сакаме моќ?

Според една нова студија на ова тема, испаѓа дека моќта ни е секси не за да ја практицираме врз други луѓе туку за да имаме слобода за себе. Научно би рекле: Дај боже да е така.

Огромната моќ на несвесниот мозок

Секојдневно успеваме да обавим многу операции исклучиво потпирајќи се на несвесниот дел од мозокот. Во многу случаи, колку повеќе го користиме свесниот дел, толку мзокот станува понеефикасен. 

Зборот што ирационални врати отвора

Зборот кој ги отвора железните врати на ирационалноста, и онаа нашата и онаа кај другите на науката ѝ е познат речиси 40 години. Ако се знае толку време, зошто ние не го знаеме тоа? Бидејќи.

Уметноста на игнорирањето

Да почнеме со мал експеримент. Што и да правите во моментов, немојте да мислите на поларни мечки.

Мрчењето не помага за одвикнување од цигари

Бидејќи целата офанзива за одвикнување од цигари и онака се темели на наука, еве уште малку наука: мрчењето не помага.

Сопственикот на Тесла автомобил што доби казна за загадување

Џо Њуен ги минува последните 7 месеци обидувајќи се да ја увезе својата Тесла Модел Ес од Хонгконг во Сингапур. Само што влегува во кола завршува со казна за претерана емисија на штетни гасови. Не дека некој го мрази Џо, таков е законот во Сингапур.

Заборавената историја на клубовите на дебели мажи

Во 1903, кога нашите мажи биле зафатени со кревање востание, во една весела локална кафана во Велс Ривер, Вермонт, бил формиран најуспешниот клуб на „елегантно пополнети" господа. Нивната мантра била „Дебели сме и уживаме во тоа!, а мотото „Морам да бидам мирен по природа - не можам ни да се тепам, ни да бегам".

Луѓето се преглупи за демократија

Демократијата се заснова на една убава претпоставка. Меѓутоа таа се судира со едноставен факт: некомпетентни луѓе не можат да судат за компетициите на другите. И затоа секогаш главно избираат осредни лидерства.

Парадоксот на тоа да си роден на 29 февруари

Кога ќе се спомне роденден, нешто што се подразбира е дека тој се слави секоја година. Освен ако си „престапно" бебе, какви што во САД има 187,000. Не го знаеме бројот кај нас, ама наша пријателка која вчера наполни 40 дуваше во десет свеќички. Баш фино ќе ѝ дојде на 80, кога ќе дува на 20.

Човекот кој ја направи најлошата видео игрица евер

Видео играта базирана на филмскиот блокбастер на Стивен Спилберг E.T. се смета за една од најлошите и најнеуспешни видео игри на сите времиња. Некои сметаат дека токму тој дебакл го означи почетокот на крајот на тогашниот гигант Атари. Ова е приказната за програмерот кој денес лекува програмери.

GPS навигација на која ќе може да ѝ верувате

Се остварува една од најлогичните работи на светот. Баршунастиот и авторитетен глас на Морган Фримен станува гласот за ГПС навигација. И тој ви вика: "Кликни за повеќе".

Како ја направивме Angry Birds?

На птиците им требаа непријатели. Инстинктивно нацртав прасе. Мајка ми вика дека прасиња цртам уште од 10 години.

Марихуанска Олимпијада

Лани во еден а годинава во повеќе градови во САД се одржуваат спортски натпревари на уживатели на канабис. "Умереност во сè освен во потење," е слоганот на Олимпијадата во кој после трката, на маратонците им се нуди гага пиво.  

А гледаме ние топло станува....

Јануари 2016 бил најтоплиот јануари откако се мерат и бележат температурите. Не само што го претрка претходниот рекордер туку  го растури. И тоа не е сè. Тој во себе содржи аномалија каква што досега немал ниту еден друг месец.

Нигериската измама ја напушти планетава

Нигериските измами како жанр не се воопшто нови и постојат откако постои и електронската пошта. Сиве овие години ги имало vo најразлични, дури и урнебесни варијанти. Но, последната варијанта е тотален апгрејд и во неа само небото е лимит.

Квадратурата на Фејсбук кругот

Ja знаете онаа теорија дека се потребни само шест пријатели на пријатели за да се поврзете со кого и да е на планетава? Сега Фејсбук вика - помалку се.

Како офкањето и уфкањето нè оддржуваат во живот

„Уфф!" може да е знак и на оддишка и на незадоволство. Но без оглед како се чувствуваме, нашите мозоци се програмирани да ни предизвикуваат воздишки секои пет минути. Без нив ни нема живот.