Администрацијата на Трамп неодамна спроведе акција против меѓународната криминална банда MS-13 во која на Лонг Ајленд беа уапсени стотици осомничени членови на бандата. Активистите на човекови права велат дека апсењата имале толку тенка основа што добар дел од младите завршиле со лисици само затоа што носеле „озлогласени“ патики.
Се работи за Кортез патиките на Најк кои оваа банда со децении ги носи како препознатлив знак на своето членство. Модата (кортез патика и трифртаљски панталони) ја имаат преземено уште од своите почетоци во 80-тите години а биле инспирирани од мексиканските банди кои пак имаат разбирлива емотивна врска со патиките кои го носат името на шпанскиот конквистадор Кортез.
Погрешна патика во погрешно маало знае да биде фатален избор. Пред некој месец двајца луѓе во Мериленд биле претепани од членови на локалната банда бидејќи носеле патиуки кои асоцираат на ривалската банда. Вакви случаи има безброј во централна Америка каде што луѓе зинеле само заради несреќниот избор на некој Пума или Адидас модел.
Во американските затвори не се среќаваат овие идентификациони брендови бидејќи сите носат „службени“ патики. Па сепак, внимателен човек може да забележи дека затворениците сепак суптилно ги одбележуваат со препознатливите логоа.
Овојпат полицијата која неодамна на Лонг Ајленд беше охрабрена лично од Трамп да биде пожестока кон криминалците изгледа решила конечно и самата да обрне внимание на тие детали па веројатно уапсила и некој невин само заради патиките.
Извори упатени во случувањата на подземјето велат дека после последнава акција, членовите на MS-13 решиле да се ребрендираат и сега носат Адидас.