Вива Колумбија е последниот од листата нискобуџетни авио-превозници кои се обидува да ја протне идејата за стоечки места во авионите, за да може да се напикаат што повеќе патници во авионот во име на поевтините карти.
Досега имало неколку варијации на таа тема, од класично стоење до барски столчиња, но досега ниедна од нив не минала кај регулаторите.
Идејата први ја пуштија од Рајан-ер пред едно седум години кога луѓето од компанијата објаснуваа дека појасите во авионите и онака се бесцелни.
„Авионот практично е автобус со крилја. Ако авионот - не дај боже - се сруши, појасите нема да ви помогнат. Како што не ви треба појас кога патувате со метро, не ви треба појас ни во авион“, велеше тогаш Мајкл О' Лири од Рајан-ер.
Имаше и компромисни идеи, како да се напикаат сардините а да се задржат појасите на кои инсистираат регулаторите. Отприлика вака:
Од друга страна, еден авио-превозник од Блискиот исток има идеја како да го реши еден од најголемите с'клети во возењето со авион - патникот до тебе. Идејата е при купување карта да се праша колку патникот е спремен да плати за едно или две празни седишта до себе па ако летот не исполнет, на човек да му се обезбеди таков комфор.