Органската вода е знак дека Американците немаат абер што е органско

Претходно беа сомелиери за вода (во ресторан да ти препорачуваат која вода со кое јадење оди; нас конкретно би нè занимало за чкето свадбарско) а и ова со органскава вода не е нов концепт. Ама па, се шири.

25% од Американците се изјасниле дека преферираат „органска вода“, што и тоа да им значи. На таа четвртина од "исклучителната нација“ не им е никаков проблем што веќе извесно време, водата е составена од два атома водород и еден атом кислород, што ја прави прилично неорганска. Ама, ја сакаат органска, па тоа ти е.

Надлежните имаат направено колку што можат: департментот за земјоделие и храна има уредба по која водата и солта не мора да се означуваат со органски етикети. 

Но, една компанија има искористено дупка во законот па ја продава својата вода како првата сертифицирана органска вода. Штосот е во тоа што нивната вода е филтрирана низ жива работа - јаворово дрво - па го проаѓа сертификацискиот тест на Депарментот

Имено, тие ја флашираат водата која се појавува како остаток при процесот на правење јаворов сируп. И, тоа е тоа.

Некој следен креативец ќе се досети да продава вселенска вода и ќе биде комплетно во право. Тоа е и подобро отколку наместо низ јавор, да решат да продаваат вода филтрирана низ човек.

11 јули 2017 - 21:53