Во соработка со германскиот производител Кањон, на 1-ви јули излегува лимитирана едиција на велосипедот Ultimate CF SLX Kraftwerk, кој се лансира во чест на овогодинешното издание на Тур Д Франс.
Изработени се само 21 Крафтверк точаци кои ќе бидат понудени за цена од по 10.000 евра. Дизајните се уникатни гемотремиски патерни изработени од Ралф Хутер и биле потребни околу седум часови по рамка за да се аплицираат.
"Бевме инспирирани од снимања дишење, срцеви отчукувања и други звуци кои се добиваат кога се вози точак. А најфасцинантно во велосипедизмот е што кога сè оди како што треба, се добива тишина. Останува да го слушате само ветрот. Таква флуидност сакавме да постигнеме и на албумот“, рече своевремено за Ролинг Стоун Ралф Хутер објаснувајќи ја поврзаноста на групата со светот на точаците.
Рецензија за Ultimate CF SLX Kraftwerk имате овде.