Во крајно гандиевска изјава во врска со пиратеријата, режисерот на Игра на троновите изјави дека нелегалните симнувања не се битни, бидејќи "шоуто просперира благодарејќи на муабетот што се прави за него."
Бил Козби е познат по многу работи: како извонреден стендап комичар, селебрити и првенствено како алфа и омега на долготрајното Козби шоу кое царуваше на екраните цели 18 години. И уште нешто: како некој што секогаш носеше радикално дречави и неподносливо шарени џемпери. Тоа не интересира нас сега.
Замислете бланширани и прсати девојки, седат пред вриштечки ориентален тапет и преку "идиот", на лош германски го пердашат Дарвин и целата таа лага со еволуцијата. Што има да замислувате, ела да ги гледаме.
Моменталната стратегија на Нетфликс е "да станеме ние ХБО побрзо отколку што ХБО да стане како нас." За почеток, решија да вложат 100 милиони долари во серија од 2 сезони по 13 епизоди. Сега, главното прашање на сите им е - која е математиката на Нетфликс?
Go Daddy снима реклама за Супер Боул која отприлика е сон на секој гик, а и на се останато што е машко. Она што е уште подобро во целата приказна (а ќе ви стане јасно зошто откако ќе ја изгледате рекламата) е што снимањето успеало после 45 дублови.
ЕнБиСи Универзал и Виаком годинава успеаа да извадат профит од 50%, со што станаа "најпрофитабилниот голем бизнис во САД," анализира Њујорк Тајмс. Главна причина за ова, пеколно добра сопствена продукција.
Актуелната есенска тв сезона има најголем број на хомосексуални ликови во историјата на американската телевизија, се објавува во извештајот Where We Are on TV.
И покрај сите механизми за претпазливост што ги има на располагање, телевизијата Фокс комплетно неочекувано директно го пренесе самоубиството на еден неименуван маж.
Кај еден просечен НФЛ плеј-оф маратон од 4 натпревари, што одзема вкупно 12 часа телевизиско време, чиста акција и игра ќе бидат се на се само - 44 минути.
И да не се земе во предвид негодувањето на Американците за прекините за реклами и одложениот пренос на речиси сите настани од Лондон, БиБиСи на Олимпијадата се покажа неспоредливо моќен во однос на ЕнБиСи.
Од прост и едноклеточен телевизиски производ, реалните шоуа почнаа да еволуираат и да опфаќаат по две траш теми - како бремени тинејџерки чии мајки во исто време се трудни.
Без вадење и објаснување, претседателот на СиЕнЕн, Џим Волтон, комплетно ја прифати одговорноста и поднесе оставка заради нискиот рејтинг на телевизијата, порачувајќи дека на организацијата и е потребно "ново размислување."
Од големата тројка, Оскари, Глобуси и Еми, последните се единствените кои наплаќаат за влез. На страна картите, Холивуд троши сериозни пари во трката за Еми.
22 светски научници седна и пресметаа дека растот на популацијата во земјите во развој ќе биде погубен за светските ресурси. Она што не го ставиле во равенката се - сапунските серии.
Во рок од само една година годишните примања на Опра Винфри се намалија за цели 43% и сега пак заработува повеќе од сите во шоу бизнисот. Со исклучок на Џенифер Лопез.
Најголемото прашање по последната епизода на Mad Men: Дали им се исплатеше на продуцентите да платат четврт милион долари за да можат една песна од Битлси да ја пуштат во одјавата (само на оваа епизода)?
На Олимпијадата во Лондон, комплетниот британски олимписки тим ќе има околу 550 спортисти. Во исто време, на истата Олимпијада, БиБиСи ќе донесе 765 лица.
Два дена по премиерата ХБО инстантно им го продолжи договорот на Игра на тронови за уште неколку сезони. Кратко по ова, серијата речиси ги собра сите пофалби од критичарите, но заглави ниско со рејтинзите. Како серија со толку мала публика успева да извади пари?
15 години откако се одјави од етерот оригиналната хумористична серија Married With Children (Брачни води), Бугарија реши да сними своја верзија на Ал Банди и неговото семејство. Некои американски фанови на серијата се ужаснати од вакво сквернавење.