Во интервју за Алисон Купер за време на Кан Лајонс фестивалот, Конан објаснува интеграцијата на продукти едноставно не функционира ако тој треба да биде неавтентичен или да лаже.
"На почетокот слушнавме дека Сникерс сака да се вклучи во шоуто. И подоцна излезе дека јас требаше да лижам Сникерс пред камера. Не можам да го направам тоа. Всушност, го правам тоа ама во приватноста на мојот дом. Ама не го правам за пари. Всушност, го правам за пари ама во приватноста на мојот дом. Понекогаш им објаснуваме на огласувачите и тие го сфаќаат. Тие знаат дека ако можеме да ги инкорпорираме на начин кој ми дозволува да бидам свој - тогаш одлично. Ако чувствувам дека нешто не е во ред, им кажуваме не," објаснува Конан.
Како пример за успешно и елегантно интегрирање на производи во шоуто Конан ја наведува соработката со Парамаунт, кога Вил Фарел во карактер на Рон Бургунди се појави за да го најави Anchorman 2. Втората е постојниот сегмент "Clueless Gamer" во која О'Браен рецензира видео игри, кои тој ужасно лошо ги игра додека ги објаснува.
Запрашан за тоа која му е генералната порака за огласувачите, О'Браен одговорил:
"Ова што сфатив дека најдобро функционира е кога огласувачите однапред ќе ми дадат еден куп пари, без никакви очекувања, и подоцна нема да проверат дали оваа активност му помогнала на нивниот производ... Не трошете време на тоа! Само дајте ми ги парите. Само префрлете ги на мојата сметка. И ако и ги дадете парите на компанијата, за потоа таа да ми префрли, и тоа не функционира. Само префрлете ми ги парите на мене."
Во сериозниот дел од одговорот О'Браен објаснил дека транспарентноста која ја внесува во интеграцијата на производите е иста како и автентичноста и искреноста која му дозволила да создаде толкав број на следбеници на социјалните медиуми.