Таг: конан о'браен

Најдобриот сегмент од патувањето на Конан во Италија

Овој што е со Конан му е колега и еден од продуцентите на шоуто, Џордан Шлански, и е неподнослив.

Оди Финец во Америка

Се матка по клубови за комичари низ Холивуд и некако завршува кај Конан О'Браен во емисија. Генерално сè му е јасно околу Америка освен точното значење на зборот „ass“. Ислушај го, ќе видиш колку и само на памет си учел.

Бил Бур доби дете и прекинете да ја правдате Хилари

Две хируршки прецизни поенти:
1. Изгуби од човек што неделно кажува по три работи што би упропастиле сечија кампања.
2. Ако за поразот се криви белци расисти, кај беа истите овие расисти на последните два избора кога можеа да гласаат против црнец?

Бомбите на Конан О'Браен

Кога веќе го спомнавме мобилниот на американскиот претседател, не треба да се пропушти да се каже дека Конан О'Браен веќе неколку месеци редовно објавува снимки од разговори меѓу Обама и Трамп, што тој ги има добиено од свои извори.

РТС го возвраќа ударот

Ни најмалку воодушевени од скечот на Конан, РТС во вчерашните вести прибегна кон евоцирање спомени од старите добри времиња што во случајот би бил натпреварот по групи во Рио 2016 меѓу Србија и САД.

Србија до Конан

Сиже на финалето во кошарка меѓу САД и Србија од Олимпијадата во Рио. Поради ексклузивните права, не можат да емитуваат ниту секунда од снимката, ама сепак успеваат автентично да го пренесат натпреварот.

Конан на гости во Катар

Локацијата што Конан ја посетува во Катар е Ал Уеид, карактеристична по тоа што таму има американска воена база со над 10.000 американски војници.

Пак во кола

Некаде пред околу две години, тројцава се возеа низ Лос Анџелес од чисто промотивни причини. Овој пат, од веројатно подеднакво промотивни причини, прават уште еден круг, само возачот е девојка што зема часови за возачка.

Писмо до Летерман

Ние луѓето имаме чудна навика. Земаме важен или апокалиптичен настан и потоа, со тек на време, нашите оштетени мозоци го масираат тој настан и постепено го претвораат во "неизбежен." Секако дека Едисон ја измисли сијалицата – Едисон е, што друго ќе прави? Секако дека ги победивме нацистите. Јасно е дека Твикс мора да биде поделен во две одделни стапчиња бисквит покриен со чоколадо.

Што е добро и на Андерсон Купер му е драго

Конан O'Браен е првиот американски меинстрим водител кој по прекинот на санкциите отиде да снима во Куба. Притоа најде за сходно прописно да ги изруга СиЕнЕн и целиот нивен концепт за пренесување вести, посебно закачувајќи го Андерсон Купер. Купер го изгледа тоа и одговори.

Другото збогување од The Tonight Show

Џеј Лено синоќа за последен пат во својот живот го водеше The Tonight Show (ваљда!). По тој повод ви го пуштаме прошталниот говор на Конан О'Браен, кога по неколку месеци беше протеран од The Tonight Show за на негово место да се врати Џеј Лено.

За на гости кај Конан

Пол Руд (не ви текнува, го знаете) има една фора за кога ќе го викнат кај Конан, ама само кај Конан. И ја прави секој пат (секој можен пат) кога ќе се појави во шоуто. Дечкото е стварно посветен.

Крукче низ Холивуд

Конан О'Браен, Ајс Кјуб и Кевин Харт викаат такси (не она обичното, туку од посебен сервис за заедничко возење), се качуваат во него и со еден куп камери вртат по градот. Ова е резултатот.

Повторувањето е мајка на гледаноста?

Секогаш е убаво кога ќе се појави некоја вест која на уредникот ќе му даде шанса малку да го разведри дневникот и да покаже дека ете тој е пошармантен и подосетлив од она што остатокот има да го понуди. Одлична шанса за ова е веста дека Мајк Маерс (Остин Пауерс, Вејнс Ворлд) наскоро ќе стане татко.