Вол Стрит Журнал пресметал дека во просек на натпреварите во американски фудбал, топката е во игра само 11 минути по натпревар. Во просечниот телевизиски пренос на повторените снимки се троши 56% повеќе време (17 минути) отколку на игра во живо.
Од тв преносот (кој трае околу три и пол часа) рекламите одземаат еден час, а 75 минути се трошат на снимки од играчите како се собираат во круг, стојат во ред и чекаат да продолжи играта. Еден од проблемите е што во натпревар од 4 четвртини од по 15 минути, типичната акција трае околу 4 секунди, а потоа напаѓачкиот тим има уште 40 секунди на располагање за да го започне нападот.
Играчите што биле повредени добиваат во просек по 6 секунди повеќе време на телевизија, отколку играчите што слават, а додека водителите се појавуваат на екран само 30 секунди, тренерите и судиите одземале околу 7% од времето. Телевизиите речиси и да не биле заинтересирани за чирлидерките.