Анализата на профилите на 10.000 порно ѕвезди (на Internet Adult Film Database) покажа дека просечната порно ѕвезда воопшто не ни наликува на Џена Џејмисон, односно дека не е блондинка и нема огромни силикони. Еве друго што откри.
Иако вревата на ЛГБТ лобито некогаш е толку силна што изгледа дека нивните штитеници се минимум 50 посто од населението, реномираниот Галуп вели дека се 3,5 проценти. Оф корс, човековите права важат и само еден на светот да е.
Она што човекот го чувствува како љубов, во мозокот се манифестира како раст на количеството на протеинот наречен NGF. Неговото дејство избледува после една година. По ова сте оставени сами на себе и тој што сте го одбрале.
Работата е да најдеш маж кој знае како да се грижи за жена која сака да биде размазена и некој да ја пази, а за возврат ќе добие жена која во кревет ќе знае како да го свитка како перек.
Во Јапонија се слави Денот на саканата жена. Како се слави? Мажи се качуваат на бина во градски парк и најгласно што можат, цел свет да чуе, го извикуваат она што го чувствуваат во врска со својата сакана. Не, не: "Кај ми се чорапитеее?!
Начинот на кој што луѓето ја губат својата невиност го формира целиот нивен понатамошен сексуален живот. Во основа гледајте прв пат да не биде лошо. И ова исто важи и за мажи и за жени.
Школската година започнува на 1-ви септември, лозјето се поткаструва на 14-ти февруари. Ако барате онлајн партнер, тоа се прави денес, на 2-ри јануари, десетина минути пред 21 часот.
Додека машкиот оргазам е прилично неопходен за продолжување на човековиот род, женскиот не е задолжителен по ниту една основа (на страна од мир во куќа и сл.).
Веста ја почнуваме од пресвртот - само на одредени жени и само за одредени типови на оргазам важна е големината на машкиот полов орган. Во сите други ситуации е сеедно.
Човечкиот мозок навистина различно ги перцепира мажите и жените. Мажите ментално се процесираат како целини а жени како збир на - погодете кои - делови.
Ако мислите дека најлошо нешто што може да направи жена ви кога ќе дознае дека имате љубовница е да ја прегази девојката, тогаш не ни знаете што се случува во Кина.
Атмосферата е вжештена, елитните единици веќе ги зафатија своите места а забележано е нивно прегрупирање во деловите околу стадионот во Страдфорд и Олимпиското село. Сексуалните игри можат да започнат.
Оваа пролет може да се искористи за локални кладби на машки друштва седнати по Илинденска, ГТЦ и другите корза во земјава. Предизвикот е: можете ли по начинот на кој некоја девојка оди да дознаете каков сексуален живот има таа? Белгијци можат.
Не е страшен податокот дека 47 проценти од жените фантазираат да бидат стриптизети или да играат на шипка. Страшно е кога имаш чувство дека животот постојано наоѓа начини одново и одново да те спои со оние 53 проценти.