За маси без мобилни

Присуството на мобилен телефон драматично влијае на врската меѓу двајца луѓе, дури и кога не се користи.

Луѓето навистина треба да размислат за опцијата да го чуваат мобилниот во џеб, бидејќи самото тоа што мобилниот е во видно поле ја нарушува комуникацијата меѓу присутните.

Во истражувањето не Универзитетот од Есекс, лицата чија комуникација не ја демнел некој мобилен телефон имале поблиски чувства за партнерот и развиле подобар разговор.

Ова важело само во случаи кога се разговара за интимни теми, додека за време на обичен муабет присуството на мобилен воопшто не правело разлика.

Истото ова, само во помала мерка важело и за лаптоп и таблет компјутерите.

18 септември 2012 - 14:11