Истражување на современите состојби и очекувања од романтичните споеви покажува дек во Велика Британија сметката од првиот состанок ја плаќа машкото а веќе од вториот, есапот се дели.
Само 3 проценти одважни (или очајни) женски ја плаќаат првата сметка, наспроти 69% машки. Просечно на првото излегување се трошат 47 фунти.
Машката рампа на која се очекува врската да стане сексуална е третата но жените би почекале до петата средба.
Искажано валутно, мажите очекуваат секс кога во врската "ќе инвестираат" преку 100 фунти.
За поготовки за првата средба машките трошат 46 а женските 5 фунти помалку.
Кај вторите, главните активности се депилирање нозе (58 проценти) и купување нова интимна облека (32%) а мажите се посветуваат на купување нови гаќи (28 проценти) и средување на интимните делови (27 проценти).
Најголеми разочарувања мажите претрпуваат кога ќе наидат на женки мустаќ и влакнести нозе а жените се ладат најчесто поради несредени нокти и растурена спална.