Австрискиот гинеколог Јохан Хубер, тврди дека иако не е задолжителен женскиот оргазам сериозно помага во забременувањето. Ќарот од оргазмот кај жените е во ослободувањето на големи количини на хормонот окситоцин, кој ја активира овулацијата (ако жената е пред таа фаза).
Како што објаснува докторот, не било баш најлесно да се дојде до овие резултати.
"Молекулот има период на полу распаѓање од само неколку минути. Што значи дека во рок од две минути, ние треба да земеме крв од пост-оргазмична жена, да ја пројдеме на центрифуга и да ја замрзнеме, за да можеме да имаме веродостојни резултати," објаснува Хубер.
За социјалните придобивки на оргазмот главна улога има хормонот пролактин, кој помага да се создаде "трајна врска меѓу парот."
Лачењето на пролактин е она што ние го чувствуваме како сексуално задоволство и она што прави мажите да заспијат по секс, а жените да сакаат да се гушкаат.