Технологија

Немој, не ме јавуј

За првпат откако се појавија мобилните телефони, во Велика Британија почна да опаѓа вкупниот волумен на разговори преку нив. СМС-ите се во одлична кондиција.

Хард-диск за милион години

Французите ќе развиваат хард диск кој ќе може вашите Фејсбук статуси да ги чува повеќе од милион години. За добро на човештвото и вас, дискот нема да биде искористен за тоа.

Фотографирање повеќе од зборење

Телефонските разговори не се ниту најчестата, ниту најдолгата активност која во текот на еден ден ја прават корисниците на смартфон.

Сам себе го хакирал

Хакерите не се најголемата закана за компјутерската безбедност, главниот проблем е многу поедноставен - заборавен телефон во автобус или лаптоп во такси.

Нокиа ќе се вади со Андроид?

Иако само по себе е вест што претседателот на бордот на Нокиа, се вика Ристо, сепак одиме на некои потехнички прашања.

Изгубената деценија на Микрософт

Главната вина за тоа зошто некогаш неспорно најдоминантната компанија за технологија на светот, сега е зад петиците на неколку нови играчи може да се сведе на еден збор: бирократија.

Што заборави Микрософт кај Surface

На ултра тајниот настан, Микрософт го презентираше својот прв таблет - Surface. На страна она што мислите за софтверот на компанијата, хардверот на Микрософт има одлична репутација за квалитет. Сепак, луѓето имаат некои забелешки и тоа не на таблетот, туку на целиот настан околу него.

Некористењето како највисок статус

Единствена работа што е поимпресивна од имање на најновиот "ајдроид" или кој и да е таблет пред сите, е да не се користи ниту ништо од технологијата.

Сите компании што ги зафркна Епл

На конференцијата во Сан Франциско Епл ги објави новините за годинава и по пат "зацрни" неколку компании нудејќи ајВерзии на веќе постоечки производи.

Излези копче право на тачскрин

По долги години (броено во интернет време) протежирање на екраните на допир како врвот на интеракцијата меѓу луѓето и технологијата, научниците го преставија следниот чекор на оваа тема - копчето.

Крајот на телефонот во мобилните

Во скоро време мобилните ќе бидат сè освен телефони, порача првиот човек на AT&T, Рендал Стивенсон, кој се уште не може да прежали што на времето дозволиле неограничен мобилен интернет.

Не се јаде сè што е смартфон

Во иднина РИМ (производителот на БлекБери) веројатно ќе биде школски пример за тоа како не треба да се соочиш со пазарот и како да ги изнервираш сите по пат.

Епл се помири со Сири

По речиси цела година форсирање на Сири како некој ултра ефикасен личен асистент, Епл конечно сфати дека најдобра употреба на сервисот е: сеир.

Господарот Самсунг

По 14-годишно суверено владеење, Нокиа ја изгуби титулата најголем производител на мобилни телефони. Новиот шампион е Самсунг.

Колку гига ви е "хардот?"

Во една од последните навреди до јужнокорејскиот претседател, државните медиуми на Северот го нарекоа Ли Мјанг-бак "ѓубре човек," и "инфериорен ум со знаење од 2 мегабајти." За ѓубрето понатаму ќе решаваме, што е со меморијата?

Телевизори ИКЕА

Најголемиот производител на се што е дрвено реши да влезе во бизнисот со електроника. Ќе почне со телевизори.

Самоукиот милијардер

Првиот човек на Инстаграм, Кевин Систром, и сега веќе една од најуспешните приказни од Силициумската Долина, кој успеа за 18 месеци да направи софтверска компанија вредна 1 милијарда долари, никогаш нема студирано програмирање.

Смартфон војна на класите

Инстаграм е една од најпопуларните апликации која беше достапна само за Ајфон. Неделава таа се појави и на Андроид, и по пат успеа да ја продлабочи класната војна меѓу корисниците на двата видови смартфони.

Гугл повеќе заработува на Ајфон

Од двата водечки вида смартфони, Гугл во изминативе неколку години има заработено многу повеќе пари од Ајфон отколку од Андроид.

Пробајте го Photoshop CS6

Адоуб ја пушти за бесплатно симнување бета верзијата на Фотошоп CS6. Имаме линк и пет работи кои може да ги направите во неа.

Џамлиите се на мобилен

Со очекуван приход од 500 милиони долари оваа година, мобилната телефонија станува најбрзо растечки сегмент на друштвените игри.

Виста 2 доаѓа во август

Работата на Виндоус 8 ќе заврши до крајот на летото, а првите компјутери со новиот оперативен систем треба да се појават во октомври, барем така тврдат аналитичарите .

Микрософт Офис 15-ка

Микрософт го пушти Офис 15 како тест верзија за избрана група корисници. Една од овие копии заврши на рецензија на интернет.

Непроменливата позиција на iPad

27-ми јануари 2010-та, Стив Џобс се појавува на сцената и го објавува iPad-от. Изгледа интересно, ама не си сигурен дека треба да го купиш. За момент ја разгледуваш неговата позиција.