WWW за роботи

Во 5 лаборатории, научници од Европа од 2009-та година развиваат веб базирана мрежа која ќе ја користат роботи да си помагаат меѓусебе во случаи кога ќе заглават на некоја ситница а нема потреба нас да нè малтретираат И сега се онлајн.

Платформата се вика Rapyuta и е веб базирана дата на податоци наменета за роботи и нивните гајлиња околу нашиов свет.

Уште пред три и нешто години години започна европскиот проект Robo Earth (World Wide Web for robots) што на роботите ќе им помогне да дојдат до информации кои ги закачиле некои нивни браќа роботи а можат да им помогнат во извршувањето на обврските без да имаат потреба од човечка интервенција. 

Опен-сорс платформата каталогизира места, ситуации и решенија. Да не мора секој робот од нула да учи како се диплат алишта или како се мести маса за јадење. На пример, еден болнички робот закачува на мрежата мапа од спратот на кој работи за да може роботот чистач да знае каде треба да помине со правосмукалка.

Хмм....

Од Rapyuta многу се очекува и во случајот на дроновите и автомобилите кои сами ќе возат.

12 март 2013 - 11:37