Иако се уште нема повеќе детали околу веста објавена во China Business (базирана на извори во фабриката) се знае дека помеѓу 5 и 8 милиони уреди биле вратени "заради под стандарден изглед и дисфункционални проблеми."
Во текстот не е наведено за кој модел станува збор, само се знае дека е за еден од телефоните кои се уште се произведуваат - Ајфон 5 и Ајфон 4С.
Сето ова ќе создаде и дупка во синџирот на снабдување на Епл, во траење од 2 до 3 недели (бројката е врз основа на најновиот извештај на Епл, според кој во последниот квартал продале 47,8 милиони уреди).
Ако се земе во предвид дека производството на еден уред го чини Фокскон 200 долари, тогаш целата рекламација ќе ја чини компанијата максимум 1,6 милијарди долари. Нема никаква информација што ќе прави Фокскон со вратените уреди.