Во јуни беше првата сесија на Camp Grounded, 3-дневен камп во северна Калифорнија за одмор од електронски уреди. Цената за некој да направи да се воздржите од користење мобилен или таблет за 3 дена е - 350 долари. Настанот инстантно бил распродаден.
"Читаш статии за тоа дека треба да бидеш присутен во моментот, и климаш со главата и се согласуваш. Ама не знаеш што тоа точно значи се додека не ги тргнеш сите работи и да бидеш ОК со тоа," објаснува една од посетителките на кампот во јуни.
Без смартфони, таблет уреди и лаптопи, камперите учествуваат во работилници за јога, натпревари за смеење и сесии за пишување. Во работилницата за зборување, двајца кампери требало пред публика да прават муабет за себе, меѓутоа без да смеат да спомнат што било за работа или да ги кажат своите вистински имиња, со цел "останатите многу побрзо да ги разберат на лично ниво."
Дел од камперите откриле дека на почетокот тие се чувствувале дезориентирано заради недостатокот на пораки и твитови, како и тоа дека им се слушало дека им ѕвони телефонот и покрај тоа што уредот го оставиле на рецепција.
"Не се работи за не користење на технологија. Се работи за тоа ти да контролираш кога ќе ја користиш. Во прашање е што ќе правиш кога ќе ги нема уредите," објаснува организаторот на кампот.
Камперите признале дека е многу полесно да им го дадат мобилниот на инструкторите, отколку сами да се измачуваат дома да го игнорираат телефонот, бидејќи тој и онака цело време ќе им биде на дофат и ќе мислат дали пропуштаат нешто.