Кога телефонот ти е во џеб, светот е во една од двете можни состојби: телефонот или ѕвони или не ѕвони. Заради ова и вашиот мозок е во една од двете можни состојби: процена дека телефонот ѕвони, или процена дека телефонот не ѕвони.
Од оваа состојба има две основни комбинации, вистинските вибрации се поврзуваат со "ѕвони," а немањето вибрации се поврзува со "не ѕвони." Меѓутоа постојат и други можни комбинации: би можел вистинските вибрации да ги поврзеш со "не ѕвони," или пак недостатокот на вибрации да го сметаш за "ѕвонење."
Грешки речиси никогаш не се случуваат кога човек во тишина треба да процени дали му ѕвони телефонот, меѓутоа процените стануваат покомпликувани кога сме во бучава или нешто друго ни го одзема вниманието.
"Може да претпоставиме дека луѓето сакаат да забележат кога некој ги бара, и најголемиот дел од луѓето мразат пропуштен повик. Ова значи дека нивните системи за перцепција се адаптирани на ниво кое го прави пропуштените повици малку веројатни. Неизбежната цена на ова е зголемениот број на лажни аларми - или фантомски вибрации и ѕвонења," објаснува Том Стафорд во својот текст за БиБиСи.