Парите од Агенцијата се за британската компанија Reaction Engines, која развива ракетен мотор што да развие поголема моќ од кој било друг мотор што постои.
Според главниот инженер на компанијата, Алан Бонд, нивниот мотор ќе може да постигне брзини поголеми од Мах 5. За споредба, суперсоничнот Конкорд достигнуваше нешто повеќе од Мах 2.
Моторот ќе биде вграден во Skylon, 84 метри долго беспилотно летало кое може хоризонтално да полетува и слетува, и чини околу 1,1 милијарди долари за да се изгради.
Инвестицијата ќе биде поделена во 2 фази: 53 милиони долари ќе бидат дадени во 2014/2015, а остатокот во 2015/2016. Парите ќе се искористат за техничкиот дизајн на моторот, и подобрување на технологијата за размена на топлината.
Тест летовите се планирани за 2020-та.