Минатата година Твитер го објави Innovator's Patent Agreement, според кој "компанијата гарантира дека нема да се повикува на прекршување на нејзините патенти освен во одбранбени цели," (ако некоја компанија реши да го тужи Твитер и покрај тоа што ги користи неговите патенти).
Неделава Гугл објави свое ветување, дека ќе им дозволи на програмерите на Слободен софтвер да користат ограничен број од нивните патенти без да стравуваат од какви било судски парници.
"Денес ветуваме уште еден чекор кон оваа цел со објавување на Open Patent Non-Assertion (OPN) Pledge, во кој ветуваме дека нема да тужиме ниту еден корисник или програмер на слободен софтвер кој ќе го користи пакетот патенти, доколку не бидеме први нападнати."
Самиот јазик кој го употреби Твитер а подоцна и Гугл, е карактеристичен за договорите меѓу СССР и САД за време на Студената војна, и во поново време меѓу Кина и Индија - кои во основа потсетуваат на својата сила, за да го гарантираат сопствениот мир, откако се нашле во пат ситуација.
Патентите беа и една од главните причини заради кои Гугл ја купи Motorola Mobility. Инаку Микрософт врз основа на патенти се уште заработува сериозни пари од секој продаден Андроид телефон.