Првичните шпекулации беа дека на настанот за Инстаграм закажан за 20-ти јуни, Фејсбук ќе објави РСС читач сличен на Гугл Ридер, меѓутоа сега Течкранч пишува дека соопштението е многу поверојатно дека ќе биде за додавање видео опција на Инстаграм, нешто слично на Vine.
Пред 3 недели беше објавено дека Фејсбук наводно тестира видео опција за Инстаграм, која треба да биде одговор на Vine сервисот на Твитер.
Новата функционалност на корисниците ќе им дозволи да аплоудираат видеа од нивните мобилни во траење меѓу 5 и 10 секунди.