Ако се гледа сам по сам, ниту една апликација поединечно нема поголем сообраќај од СМС-те, плус тие се уште им носат по 120 милијарди долари годишно на телекомите.
Меѓутоа за 2013-та се очекува бројот на пораки преку апликациите да достигне 41 милијарда на ден, што е два пати повеќе отколку предвидувањето за СМС-те. Само WhatsApp дневно процесира 18 милијарди пораки, така што резултатите на истражувањето на Информа (нарачано од Фајненшл Тајмс) се доста веројатни.
Секако, овие апликации (WhatsApp, Viber, Kik, iMessage на Ајфон, BBM на БлекБери и слични) допрва треба да најдат начин како да го наплатат својот сервис, а и понатаму да ги задржат корисниците.
СМС-те се еден од најпрофитабилните извори на пари за телекомите. Една порака од 160 карактери тежи 160 бајти, а за неа (стандардно) се плаќа 5 денари. Додека еден мегабајт интернет сообраќај (во зависност од пакетот и операторот) се движи максимум до 1 денар. Во еден мегабајт има 1048576 бајти или 6553 пораки. По курсот за трансфер на СМС (5 денари), 1 мегабајт би требало да чини 32.768 денари.