Хоум на еден допир нуди пристап до Фејсбук пораките, вградени му се сите нотификации од социјалната мрежа, плус има вграден пристап и за сите апликации на телефонот.
Она што го нема вградено е брз пристап до Гугл пребарување, главниот извор на средства за Андроид. Гугл и онака веќе има проблем со пребарувањето на мобилни, бидејќи корисниците се повеќе време минуваат во апликациите, без воопшто да го користат нивниот сервис.
За разлика од мобилните, за десктоп корисниците главна интернет алатка е браусерот, во кој Гугл и понатаму владее и успева да продаде милијарди долари реклама.
Сега со Хоум, оваа позиција на мобилните ја добива Фејсбук, кој ќе ја искористи апликацијата и за продажба на реклами. Според статистиките до сега корисниците на мобилни една четвртина од времето што го минуваат на својот телефон го трошат на Фејсбук и Инстаграм, просек кој сигурно ќе се зголеми со воведувањето на Хоум.