Кенди Краш прв пат се појавува како Фејсубк игра во 2012-та, а кон крајот на истата година има и своја мобилна апликација. Според пресметките на Кинг (компанијата која прави игрицата), Кенди Краш се игра 600 милиони пати на ден, а мобилната верзија месечно има 45 милиони активни корисници.
Статистиката на Кинг е дека 70% од луѓето кои ги минале сите 385 нивоа никогаш не платиле ниту цент за дополнителните опции што ги нуди играта.
Иако од компанијата одбиваат да дадат друг податок за заработувачката (освен овие 70%), аналитичарите кои ја следат компанијата сметаат дека само оваа игрица може да носи приходи од стотици милиони долари годишно.
Како што објаснува Даг Крутц од финансиската компанија Ковен, предноста на Кинг е што тие се првата компанија која успеала да најде модел да ја наплати својата игра на мобилни платформи, и дека тие изгледаат подготвени да ја одржат популарноста на Кенди Краш на подолг рок.