Помеѓу април 1992-ра и април 2012-та цената на акциите на Епл пораснала за 4.000 проценти.
Програмерот Кајл Конрој, на својот сајт има направено споредба за тоа колку пари би заработиле ако наместо да купите некој Епл производ, истите пари би ги дале за акции. Ја зема вредноста на акциите на денот на излегувањето на производот, цената на производот и пресметува на која вредност би пораснале купените акции.
Најголема грешка во животот имаа направено луѓето што во 1997-ма имаат купено Powerbook наместо со парите да купат акции од Епл.
10 Епл производи и нивната цена во акции (акциите се пресметуваат според вредноста во април 2012, кога го достигнуваат врвот):
iPhone 4S (2011)
Оригинална вредност: 199 долари
Вредност на акциите во 2012: 320 долари
MacBook Air (2008)
Оригинална вредност: 3.098 долари
Вредност на акциите во 2012: 10.987 долари
iPod Touch (2007)
Оригинална вредност: 299 долари
Вредност на акциите во 2012: 1.310 долари
MacBook Pro (2006)
Оригинална вредност: 2.499 долари
Вредност на акциите во 2012: 22.150 долари
2005 iPod Shuffle
Оригинална вредност: 99 долари
Вредност на акциите во 2012: 1.838 долари
iMac (2002)
Оригинална вредност: 1.999 долари
Вредност на акциите во 2012: 153.260 долари
iPod (2001)
Оригинална вредност: 399 долари
Вредност на акциите во 2012: 26.374 долари
iBook (2001)
Оригинална вредност: 1.499 долари
Вредност на акциите во 2012: 99.747 долари
eMac (2002)
Оригинална вредност: 1.499 долари
Вредност на акциите во 2012: 123.119 долари
Powerbook (1997)
Оригинална вредност: 5.700 долари
Вредност на акциите во 2012: 731.784 долари