Се вика Ли Менг, живее во близина на најсеверниот кинески град Чангчун и во изминатите 6 години го напушта интернет кафето само повремено за да се тушира.
Дечкото одбива да зборува со кого било, а сопственикот на локалот објаснува дека тој е толку време присутен што речиси и да не го забележуваат.
"Тој обично доаѓа навечер за да игра игри, а во текот на денот му се приспива и спие тука. Од време на време излегува за да се истушира," изјавил еден од редовните посетители.
После подолго инсистирање новинарот на Пекинг Тајмс успева да го убеди гејмерот да разговара со него.
"Додека разговараше со нашиот новинар, неговиот поглед беше залепен за мониторот, додека кесата со неговата вечера стои отворена до него. Тој има месечни примања од 322 долари, од кои 80 му ги плаќа секој месец на интернет кафето."
Во 2010-та, магазинот Вајард пишуваше за камповите во Кина за одвикнување од интернет зависност. Неодамнешните новински извештаи пренесуваат дека во неколку наврати вработените во овие кампови биле фатени како користат ќотек за да ги одвикнат пациентите од зависноста од интернет.