Свет

Антверп повторно кокаинска престолнина на Европа

Белгија, политичкиот центар на Европската унија и сè нешто европско, и посебно Антверп, повторно ги имаат највисоките бројки на користење кокаин во Европа.

За Вашингтон станува непријатна моќта на Маск

Тесла е еден од столбовите на климатската агенда на Бајден, Спејсикс е клучен за амбициите на НАСА за истражување на вселената со луѓе, Старлинк е највиталниот комуникациски систем за Украина и украинската војска, и сето ова е во рацете на еден човек, што беше доволно голем проблем и пред тој во својата колекција да го додаде и Твитер.

Џон Болтон не сака да чуе за МКС ни по цена на апсење на Путин

Кога е во прашање Меѓународниот кривичен суд во Хаг, поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон, е на сличен став како и официјална Москва, дека тој не треба да постои. Што не значи дека Болтон не би го апсел Путин по друга основа.

Што ако светот е премногу уморен од војна и реши да го прифати кинескиот предлог?

За Бајден и Белата куќа не беше ни најмалку пријатно тоа што беа оставени да седат на страна додека нивните двајца најголеми противници, Русија и Кина, на само разговараа околу мировниот договор за Украина кој САД претходно го прогласија за неприфатлив.

ММЕ кој прв спомна осиромашен ураниум

Изјавата на британското министерство за одбрана дека Украина во пакет со Челенџер 2 тенковите ќе добие и муниција со осиромашен ураниум, Москва ја протолкува како директна закана од Западот за користење нуклеарно оружје против Русија.

Русија отвори кривична истрага против судот во Хаг

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан, и неколку судии од истиот се под истрага во Русија заради нивната одлука да побараат апсење на рускиот претседател.

БЛМ и компанија стигнаа до речиси 83 милијарди долари донации

Движењето Блек лајвс метер и каузите кои гравитираат околу него од 2020 до денес добиле или им биле ветени 82,9 милијарди долари од најразлични американски компании и корпорации, објавува Њузвик.

Бахмут уште трае и уште троши

Бранењето на тоа што и остана од Бахмут ја чини украинската армија илјадници артилериски гранати на ден, и ова ја става во сериозен ризик можната украинска пролетна офанзива за враќање на остатокот од источните територии што моментално се под руска контрола.

Германија нема потрошено ни едно евро од ветените 100 милијарди за одбрана

Како што Шулц најави пред една година, така германскиот парламент и го изгласа пакетот од 100 милијарди евра за инвестирање во и унапредување на германската армија. Од тогаш не само што не е вложено едно евро од ветените пари, туку Германија моментално располага со помалку оружје отколку што имаше пред почетокот на руската инвазија.

Зошто Ши Џинпинг престана да се фарба?

Инаку таблоидната дилема во случајов може да е предзнак за покажување досега незабележана надмоќ на Ши во државата каде црната коса од антички времиња се поврзува со сила и енергија, заради што беше неопходно за најмоќните мажи низ кинеската историја да се фарбаат.

Англија на домашен терен го гледа „Албански Наркос“

Се држи само регионот околу Ливерпул, кадешто пазарот на кокаин сè уште го држат локални гангстери. Сè друго, и во градовите и во предградијата во Велика Британија е во рацете на албанската мафија. За да се задоволи ненаситната кокаинска побарувачка на островот, албанската нарко-мафија го нагази Еквадор.

Макрон може тоа што Орбан не смее

Францускиот претседател Емануел Макрон искористи специјални законодавни овластувања за да го заобиколи парламентот и директно да ja наметне својата волја. Да го направеше истото тоа некој во Унгарија или Полска, во Брисел ќе беше пиштење-вриштење околу „владеењето на правото.“

Камала Харис за второодделенци

Камала Харис беше замолена да ги коментира оценките на  гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, дека украинскиот конфликт е „територијален спор“ и дека не е во стратешки интерес на САД да се здружува со Украина и бесконечно да ѝ праќа сè што ѝ е потребно за да се одбрани од Русија. 

Мат Таиби за злосторничкото здружување „Влада, НВО-а и медиуми“

Американската влада имала главна улога во обидот интернетот да се претвори во систем на цензура и замолчување на „непријатни вистини“, стандардно означувани како „дезинформации“. А на секоја владина инстанца која го притискала Твитер, постоеле уште 20 НВО-а со истата улога. Ако и тоа не завршело работа, се викале новинари на Њујорк Тајмс или Вашингтон пост.

Пентагон забрани споделување докази со Хаг за руски воени злосторства

Администрацијата на Бајден има добиено забрана од Пентагон да му ги испрати на Меѓународниот кривичен суд во Хаг доказите што ги има собрано американското разузнавање за руски злосторства во Украина.

Знаете ли дека ЕУ ја финансира Русија во војната?

Да, Европската унија забрани руска нафта и мазут и е жестоко крута кон сите кои не се придржуваат кон санкциите за Москва, но рускиот течен гас и натаму е во слободна продажба. Тој руски течен гас ЕУ не само што го купува, туку го купува во рекордни количини.  

Ши Џинпинг го доби третиот претседателски мандат со 2.952 гласа спрема 0

Ши останува претседател (и владетел) на Кина и во следните 5 години откако на масовниот Национален народен конгрес, ги освои гласовите на сите присутни делегати. И во 2018 тој имаше сличен резултат кога го освои вториот мандат со 2970 гласа спрема 0.

Видео касети, лаги и 6-ти јануари

Такер Карлсон и Фокс њуз добија над 40.000 часови снимки од упадот во Капитол хил од 6-ти јануари, а таму приказната излезе многу поинаква од она што се вергла последниве две години.

Америка има војна што ја заборави, а мора да ја води

Вол стрит журнал им порачува на американските власти дека мора да ги поразат мексиканските наркокартели, па макар тоа било и на мексиканска територија, а двајца конгресмени веќе работат на заедничка резолуција што ќе му даде овластување на американскиот претседател да ја користи американската војска против картелите на територијата на Мексико.

Зеленски од Америка бара кластер бомби

Ројтерс прв ја објави веста дека Украина повторно побарала од Вашинггтон во пратките оружје да има и кластер бомби. Тоа се оние монструми кои во воздух се распрснуваат и прават партал на голема површина. Бидејќи оваа желба прозвучи лошо по мирнодопскиот имиџ, се сетија да ублажат: немале да ги користат „како такви“.

Група незадоволни граѓани се одговорни за нападот на Северен тек, а не Америка

Еден месец откако новинарот Сајмон Херш објави дека американски специјалци го извеле нападот на Северен тек по нарачка на американските власти, Њујорк тајмс излезе со спротивна сторија според која зад експлозијата на гасоводот стои самостојна група на незадоволни Украинци и/или Руси саботери.

Борис Џонсон реши да го прави татко му „Сер“

Една од последните одлуки на Џонсон пред заминување од премиерската позиција беше да состави листа на луѓе кои ги препорачува за титулата - Сер. Деновиве британските медиуми открија дека меѓу 100-те имињата е и таткото на Борис, Стенли.

Војна со Кина длабоко ќе ја опустоши Америка

На денешен ден војна во Пацификот е поверојатна отколку кога било до сега од крајот на Втората светска војна, а најверојатно е тоа да се случи во моментот кога Кина ќе тргне да го припојува Тајван, кој пак е критичен стратешки интерес на САД.

Од омраза кон Трамп Си-ен-ен не ја истражувал теоријата за протекување на ковид од лабораторија

Поранешниот ЦЕО на Си-ен-ен, Џеф Закер, им наредил на вработените да не ја обработуваат теоријата за протекување на ковид од лабораторијата во Вухан, затоа што тоа бил еден од ставовите ширени од тогашниот американски претседател Доналд Трамп.