Кампањата за помош на семејството на полицаецот ја започна Жан Месија, медиумски лик и поддржувач на поранешниот претседателски кандидат Ерик Земур. На страната за донации стои:
„Поддржете го семејството на полицаецот на Нантер, Флоријан М. кој си ја работеше својата работа и сега за тоа плаќа голема цена.“
По масовниот притисок од левичарски политичари и активисти да ја прекине кампањата, Гофундми одлучи да дозволи да продолжи собирањето на средства бидејќи тоа не ги прекршува правилата на сајтот. Во исто време се огласи и францускиот министер за правда, кој нема ништо подобри вести за противниците на кампањата порачувајќи дека „секој може да ги изрази своите чувства и да приложи кон фондот... но мислам дека во овој случај, тоа не оди во правец на помирување.“
Моментално собраната сума за полицаецот е 1,38 милиони евра по четири дена донации. Првичната цел беше да се соберат 50.000 евра. До сега за полицаецот се направени над 71 илјада донации.