Главната грижа на западните суфлери била дека каков било удар од Украина би можел да се протолкува како помош за Пригожин и како директна закана за рускиот суверенитет.
Пораката до украинските функционери била „ова е внатрешна руска работа,“ што отприлика е слично со она што американски и западни функционери и јавно го изјавија.
„Украинците беа предупредени од сојузниците да не провоцираат. Колку сакаат нека го искористат хаосот во борбата на своја територија но да не се вовлекуваат во внатрешните работи или да нападнат воени постројки на територија на Русија,“ ја пренесува Си-ен-ен изјавата на висок западен функционер.
Иако речиси нема ништо признаено, за време на војната украинските сили и нивни соработници извршија повеќе саботажи на руска територија.
„Едноставно не сакаш да работиш во корист на наративот дека тоа што се случува е по наша иницијатива.
Тоа е токму она што Русите отсекогаш го сакаа, да докажат дека постои закана за рускиот суверенитет,“ порачал дипломатот.