Конкретно биле разгледувани долгогодишните уписни политики на Харвард и Универзитетот во Северна Каролина.
После минатогодишната одлука во врска со абортусот, ова е втора битна одлука на актуелниот состав на Врховниот суд кој работи со конзервативно мнозинство. Одлуката вели дека факултети можат во обзир да ја земаат и расата, но тогаш не можат да се надеваат на федерални фондови.
„Универзитетите предолго погрешно заклучуваа дека камен-темелник на идентитетот на поединецот не се вештините или научените лекции, туку бојата на нивната кожа. Нашата уставна историја тоа не го толерира“, рече главниот судија Џон Робертс.
Од Белата куќа, претседателот Џо Бајден рече дека „силно, силно“ не се согласува со пресудата на судот и ги повика колеџите да бараат други патишта до диверзитетот, наместо да дозволат пресудата „да биде последниот збор“.
Доналд Трамп одлуката ја оцени како голем ден за Америка:
„Конечно се наградени лицата со извонредни способности и сè друго неопходно за успех“.
Сосема спротивно мислење има Барак Обама велејќи дека „афирмативните акции“ им овозможиле на генерации студенти како него и Мишел да докажат дека заслужуваат перспектива.