Пресметката што се прави за воведување на Законот за нелегална миграција покажала дека Британија ќе ја чини 169.000 фунти да пресели еден единствен мигрант. За споредба ако тој остане во Британија, од буџетот ќе треба да се потрошат 106.000 фунти за нему да му се најде сместување.
Она на што се надеваат Британците е дека новите правила за миграција ќе имаат одбивен ефект на нелегалните мигранти, со што не би имало никакви трошоци ни за нивно раселување / вдомување.
Главна мерка за откажување од нелегалната миграција е на сите што пристигнале нелегално во Британија на чамци преку Ла Манш никогаш да не смеат да побараат азил, и наместо тоа веднаш да бидат префрлени во Руанда или друга „безбедна држава“.
Трошокот за селењето е 105.000 фунти за земјата домаќин, 22.000 фунти за авионскиот лет и придружба на лицето (под услов со авионот да летаат 50 мигранти), и останати трошоци за негово задржување и спроведување низ процедурата.
Моментално Британија плаќа по 6 милиони фунти на ден за сместување на имигрантите што се на нејзина територија. Минатата година само на чамци во земјата се влезени 45.700 мигранти, главно мажи.