Володин не го занимаат сите што одлетале од Русија, туку само лицата „кои се на значителни позиции“.
Според него напуштањето на земјата во такви моменти, Пригожин стигна на некои си 200 км од Москва, треба да биде казниво со закон.
„Сите ги осудуваме оние кое во тие тешки мигови за државата си заминаа, избегаа, таа постапка треба да се казни, меѓудругото,“ порачал првиот човек на руската Дума.
Маршот на Пригожин почна во раните часови на 24 јуни. Прв поголем руски град запоседнат од Вагнер беше Ростов, од каде се продолжи маршот кон руската престолнина. Вечерта на 24, по тензични преговори со белорускиот претседател Лукашенко, некаде на 200 километри пред Москва, Пригожин одлучи да го прекине бунтот и да се врати назад.