Само меѓу 536 избрани членови на Конгресот, Ројтерс открива дека има барем 100 наследници на робовладетели. Се работи за мешана група на републиканци и демократи, а меѓу нив тешкаши како Мич Меконел, Линдзи Грем и Елизабет Ворен.
Од моментално шест живи американски претседатели, само Трамп не потекнува од робовладетелско семејство, а од останатите пет, четворица се од Демократите (Картер, Клинтон, Обама и Бајден). Единствен републиканец на списокот е Џорџ Буш помладиот. Иако татко му е од Кенија, Обама влегува во ова друштво преку семејството на мајка му.
Двајца од 9-те актуелни судии на Врховниот суд имаат директни предци кои поседувале робови, а 11 од 50-те американски гувернери исто така доаѓаат од семејства на робовладетели.
Професорот кој се занимава со африканско и афро-американско истражување на Харвард, Хенри Луис Гејтс јуниор, објаснува дека истрагата на Ројтерс покажува колку Америка останува блиско поврзана со остатоците од робовладетелството „вклучително и преку луѓето кои ги носат законите по кои се управува нашата држава.“